Хиперсоничното оружје создадено од страна на американската војска е уништено за 4 секунди после лансирањето во Аљаска. Контролорите веднаш после полетувањето забележале грешка во системот, која предизвикала експлозија според Пентагон.
Тајното оружје е дел од програмата со која се планира развој на ракети кои би можеле за неколку часа да уништат било кое место на Земјата, патувајќи со брзина од 5600 км/ч.
Проба на слично оружје била извршена во 2011 година, кога исто така дошло до грешка, а после денешниот инцидент, научниците сметаат дека развојот на вакви ракети дополнително ќе се успори.
httpv://www.youtube.com/watch?v=IzKzPnbtkm0#t=35