
Експлозијата се случи во 10 часот по локално време, околу 15.30 часот по македонско време, во зграда на аголот од 116-та улица и Парк авенијата во квартот Харлем во Горен Менхетен. Противпожарната служба на Њујорк, соопшти дека се урнати неколку катови д заграда , На местото на несреќата се присутни 39 противпожарни единици.
Според првичната информација, причина за експлозијата најверојатно е истекување на гас. Компанијата „Кон Едисон” која го снабдува Њујорк со гас, објави дека неколку минути пред експлозијата добила пријава од локалните жители дека чувствувале силен мирис на гас. Исто така, на местото на несреќата се испратени експерти за експлозиви на њујоршката полиција, како и детективи на Федералното истражно биро (FBI)
Во областа на инцидентот е сопрено снабдувањето со гас за домаќинство, а квартот е блокиран за секаков вид сообраќај, пренесува телевизијата NY1.