Елтон Џон најавил дека наскоро ќе стапи во брак и ќе прави свадба со својот дечко Дејвид Фурниш откако во Британија се легализираа хомосексуалните бракови.
Џон за емисијата Today на американската телевизиска мрежа NBS, рекол дека свадбата ќе се одржи без многу врева, најверојатно во мај оваа година.
Двојката има две деца, а во 2005 година склопи граѓанско партнерство.
Законот за легализација на истополови бракови во Англија и Велс стапи на сила во сабота, а истополовите граѓански партнерства се легални во Велика Британија од 2005 година.