Емина ископирала позната турска актерка!

popara5 февруари, 201417min00
1

Иако постојано после секоја емисија се коментира за уникатниот и неповторлив стил на облекување на Емина Јаховиќ, изгледа дека пејачката само умее добро да копира.

Преубавиот црвен фустан кој синоќа го носеше Емина е дело на дизајнерот Озгур Масура, а пред година дена прва го облече турската убавица, актерката Фахрије Евџен.

Емина очигледно не знаела дека фустанот многу порано го испромовирала убавата актерка од популарната серија “Кога лисјата паѓаат“, па со гордост го претставила на социјалните мрежи како уникат.

Сепак ова е еден голем пропуст за стилистите на српската убавица.

1