Еротски профил на мажите според хороскопскиот знак

30 декември, 20140

Пред да почнете да уживате со новиот партнер, погледнете што ѕвездите имаат запишано во неговиот еротски профил и сами оценете дали ви одговара. Некои од хороскопските знаци не сакаат долги додворувања, наклонети се на авантури и сакаат да пробаат се во сексот, а некои пак се верни, внимателни и на секој начин се обидуваат да му се допаднат на партнерот. Овој хороскоп првенствено има за цел да ве забавува, но сепак од него можете да откриете некои од најважните карактеристики на хороскопските знаци.

Овен
Тој не сака долги додворувања и само мисли како жената да ја натера да се согласи за водење љубов. На ниедна поза не и дава посебна важност, сите му се подеднакво добри и најбитно му е што почесто да има секс. Затоа не се чудете ако тоа го прави полуоблечен, во ходник, лифт, на масата во кујна или слично. Кај жените најмногу го привлекуваат брадавиците на големи гради и фантазира да има групен секс.
Бик
Тој е многу прибирлив во изборот на својата партнерка, но кога ќе се одлучи за некоја, неможе да го обесхрабри нејзиното одбивање. Тој е одличен љубовник. Тој е многу моќен, пред да се ожени често ги менува партнерките, но во бракот е многу верен. Кај жените прво обрнува внимание на изгледот, па насмевката, и на крај и го гледа задникот. После тоа тој тргнува да ја освои.

 

Близнаци
Сексуалниот однос не му е единствената цел што сака  да ја постигне со некоја жената. Тој се грижи за духовната компатибилност со партнерката. Љубоморен е и и сомнителен. Го палат еротски фотографии и порно филмови. Знае да се навреди ако партнерката несака да експериментира во сексот. Кај жените прво го приметува предизвикувачкиот од.
Рак
Неговите сексуални односи не се долги и чести.  Посветен е на жените со кои спие.  Ја почитува жената во целост и за животна партнерка бира девојка без сексуално искуство, но од нејзе очекува да се однесува диво. Кај жените прво ги приметува градите па потоа усните.
Лав
Тој е добар љубовник, сака да се гледа во огледало за време на сексуалниот однос и не сака многу светло. Се труди да ја задоволи жената. Во машко друштво сака да се фали со своите освојувачки  достигнувања и не е претерано дискретен, па затоа жените го избегнуваат. Сака пози за кои се потребни акробатски вештини, а го возбудуваат женските гради.
Девица
Му одговараат сите пози за време на сексот, а врв постигнува кога партнерката вриска за време на сексот. Нема специјален вид на девојки кои му се допаѓаат: руса, црнка, ниска, висока, слаба, полничка, сите му се доволно добри ако сакаат да дојдат со него во кревет и ако останат со него. Прав маратонец. Ушите му се ерогена зона.

 

 

Вага
Тој е совршен во кревет, ја сака предиграта и сака да ја задоволи партнерката. Многу го сака контактот со женското тело, но сака да изненади и со нова поза. Поддржувач е на оралниот секс и кај жените прво ја приметува косата.
Шкорпија
Опседнат е со секс и секогаш е подготвен за него. Лесно се возбудува и воопшто не е пребирлив во изборот на партнерката. Тој е шампион во рамките на креветот и за него  верноста е тотално непозната.
Стрелец
Најмногу сака секс на брзина во кој партнерката ја превзема иницијативата. Верен е само поради неговата мрзеливост. Во авантури одат само ако партнерката прва тргне во акција. Кај жените прво ги приметува нозете.

 

Јарец
Екстремно моќен. Ги исполнува сите барања на партнерот и се труди целосно да го задоволи. На ум му е само секс. Малку се обидува и многу чудно се додворува, па секогаш кажува нешто што не треба. Омилена поза му е седечка и од позади. Убеден е дека е подобар љубовник, отколку што жените со кои бил мислат за него.
Водолија
Однадвор екстремно ладен и воздржан, но во кревет е вистински вулкан. Сака нежен разговор, предигра и нови пози. Многу внимателен љубовник. Ретко се забавува со повеќе жени истовремено. Ужива во неочекуваниот, стоечкиот, тивкиот секс… Кај жените најмногу го привлекува делот кој последен излегува од собата.
Риби
Тој е нежен и романтичен љубовник. За време на сексуалниот однос повеќе се грижи да ја задоволи партнерката од колку себе си. Несака да се впушта во авантури. Што се однесува на физичкиот изглед за жените кои ги бира најмногу го интересираат тие со тенката половина и долгите нозе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi