Еспресо-карамел коцки

23 октомври, 20140
11

Состојки
• 250 г мелени бисквити (бисквит подлога)
• 50 г шеќер (бисквит подлога)
• 170 г путер (бисквит подлога)
• 120 мл неутрална павлака (карамел)
• 100 г путер (карамел)
• 300 г кафеав шеќер (може и обичен) (карамел)
• 1 лажица вода (карамел)
• 300 г чоколадо за готвење (еспресо-чоколадна подлога)
• 120 мл неутрална павлака (еспресо-чоколадна подлога)
• 1-2 лажици инстант кафе/нескафе (еспресо-чоколадна подлога)

Подготовка
1. Плехот за печење (20 x 20 см) намастете го и обложете го со хартија за печење.
2. Бисквитите доколку не се мелени, измелете ги. Путерот заедно со шеќерот растопете го и додадете ги мелените бисквити. Смесата измешајте и додека е сеуште топла префрлете ја во плех и рамномерно распределете ја.
3. Рерната загрејте ја на 180 степени и печете го колачот 10-тина минути. Оставете да се олади барем 15-20 минути.
4. Подготовка на карамел: Во сад, на оган, со постојано мешање, растопете го путерот заедно со шеќерот. Кога шеќерот ќе се карамелизира додадете павлака и малку вода и мешајте се додека не добиете густа карамел смеса (околу 5 до 7 минути). Истурете ја смесата врз топлиот бисквит и оставете го малку да се олади па ставете го во фрижидер, во длабоко, за да се стврдне.
5. На пареа растопете го чоколадото па додадете ја павлаката и кафето. Добро измешајте и смесата истурете ја врз добро стегнатиот карамел.
6. Колачот оставете го добро да се стегне во фрижидер, во длабоко, пред да го сечете на коцки. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *