Еуроблок колач

6 септември, 20140
2

Состојки
7 лажици шеќер
100 мл. масло
7 лажици брашно
50 гр. чоколадо за готвење
6 лажици шеќер
125 гр. маргарин
150 гр. чоколадо за готвење
100 гр. чоколадо Еуроблок
прашок за пециво пола кесичка
6 жолчки
6 белки

Упатство

Кора:

Белките се матат со миксер, па се додаваат шеќерот, маслото, брашното, прашокот за пециво и ренданата чоколада за готвење. Се се мати заедно. Тавата за печење се подмачкува, се става смесата и се пече на 180-200°C.

Фил:

На пареа се варат жолчките со шеќерот и маргаринот и пред крајот на готвењето се додава растопената чоколада за готвење. Жешката кора се прелива со жешкиот фил и се остава да се олади, па потоа врз колачот се ренда Еуроблок чоколадото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *