Посни печени пирошки

6 септември, 20140
1

Состојки
20 гр. квасец
270 мл. вода
црн бибер мелен, по вкус
1 лажичка сол
3 лажици зејтин
1 лажичка шеќер
1/2 страк праз или кромид по желба
од око кисела зелка од расол, ситно сецкана
1 морков
3 чаши од по 200 мл. брашно

Упатство

Тесто:
Се раствара квасецот во водата. Во брашното се мешаат солта и шеќерот. Се замесува тесто кое се домесува додавајки го зејтинот. Треба да добието меко но еластично тесто. Оставете да стаса, премесете го еднаш и повторно нека стаса.
За полнењето:
На оган се пропржува за кратко ситно исецканиот праз, се додава ренданиот морков и ситно насечена кисела зелка, се пржи до нивно омекнување. Се зачинува со бибер. Оставете да се олади.
Оформување:
Tестото поделете го на еднакви делови од кои ќе направите топчиња. Зависи од вас која големина сакате, таа ја правете. Секое топче расукајте го округла форма, ставете по една лажица од филот – подигнете ги краевите и спојте ги.
Наредете ги во плек покриен со пек хартија со тоа што спојниот раб да биде одоздола, оставете да стасаат, а рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени. Печете ги се до нивно заруменување. Уште врели премачкајте ги со зејтин или маргарин, покријте со крпа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş