Кораима Торес (41) домашната публика ја запозна во 1997-ма година во серијата “Касандра”.
Во главната улога на оваа популарна серија уште по емитувањето на прават епизода,
ги освои срцата на сите зад малите екрани. Еве како изгледа “Касандра” денес…
Теленовелата од Венецуела ја раскажува приказната за преубавата девојка која израснала во циркус.
Напуштена уште како бебенце, главната хероина Касандра се обидува да го открие своето вистинско потекло.
Се развива и љубовна приказна помеѓу неа и атрактивниот Луис Давид,
која дополнително им го привлекуваше вниманието на сите генерации од најмладите до најстарите во 90-тите.
Популарноста на Кораима Торес беше единствена и освен нејзиниот лик,
ниту еден друг лик од теленовелата не се здоби со таква светска популарност.
По “Касандра”, актерката играше и во серијата “Гарденија и Алондра”,
а за време на снимањето се запозна со нејзиниот сегашен сопруг
Николас Монтеро па во 1996-та се мажи за него. Во бракот тие го добиваат синчето Мануел Николас.
Еве како изгледа таа денес: