
Иако постојат оние кои пушат трева баш заради тоа полесно да заспијат, вистината е дека долгорочните последици од овие лоши навики можат да бидат катастрофални на квалитетот на спиењето
Консумирањето на марихуаната, според една студија спроведена на Универзитетот во Пенсилванија, е поврзана со голем број на негативни ефекти врз квалитетот на спиењето.
Американските научници ги искористија информациите од анализата на 1811 испитаници од 20-59 години. Двапати повеќе се идентификувани проблеми кај луѓе кои почнале да консумираат марихуана пред 15-годишна возраст.
– Всушност, моментот кога некој прв пат пробал марихуана претставува поголем фактор на ризик за несоница и проблеми со спиењето од фреквенцијата на консумација на марихуана во зрелата возраст – велат истражувачите.