Битката помеѓу бринетите и русокосите изгледа е завршена, затоа што бринетите едноставно се подобри! Ова се 13-те најиздржани аргументи зошто:
1. Поатрактивни се – Темната коса на секој му стои подобро, и тука нема што да се додаде.
2. Речиси сè им стои – За бринетите изборот на облека е полесен, затоа што која боја и да ја облечат им стои одлично. Замислете русокоса во пастелна или жолта боја… Едноставно не оди.
3. Нема вицеви за нив – Нема причина заради која би се навредила нивната интелигенција.
4. Не се мачат воопшто за изгледот на косата – Бринетите никогаш нема да се загрижат ако косата им пораснала 1 сантиметар преку ноќ, што кај русокосите изгледа малку неубаво. Кој сака русокоса со корен на бринета?
5. Голема доза сексапил – Спротивно од општото мислење, да бидеш русокоса не значи да бидеш посебно сексапилна или забавна.
6. Не се површни – За разлика од многу русокоси кои се всушност, лажни.
7. Сè им е дозволено – Бринетите можат да си дозволат да се опуштат и да уживаат во животот, што не им прилега на русокосите „ледени кралици.“
8. Имаат личност – Бринетите мора да го имаат „она нешто“ за да освојат, затоа што не се потпираат на русата, испеглана коса.
9. Косата им сјае – Едноставно, имаат подобар квалитет и мирис на косата затоа што не користат средства за горење и избелување на влакното.
10. Изгледаат попаметно – Има нешто во бринетите и црнките, заради што изгледаат поинтелигентно.
11. Мажите обожаваат бринети – Колку и да мислевте дека „паѓаат“ на русокоси, мажите кои избираат квалитет, а не изглед, избираат девојки со темна коса.
12. Животот не им се врти околу бојата на косата – Бринетите никогаш не се преокупирани со нивната коса, одењето на фризер или скапите фарби кои чинат многу пари.
13. Не мислат дека се подобри – За разлика од русокосите, бринетите не шетаат наоколу со реченицата „подобро е да си бринета!“