Фановите на Џесика Алба загрижени за нејзиното здравје

popara2 декември, 20141min00
23
Џесика Алба, мајка на 5-годишната Хонор и 3-годишната Хејвен, на Инстаграм често споделува фотографии на кои вежба. Овој пат можеби малку претерала.

Холивудската актерка моментално се наоѓа на Тајланд, каде што ужива со својата најдобра пријателка. 33-годишната Џесика Алба објавила фотографија на која заедно со Лорен Андерсон во бикини скока во воздухот, пишува The Inquisitr.


“Скок на среќата” – напишала актерката покрај фотографијата.

Но, покрај тоа што на сите кои ја следат на оваа социјална мрежа им дала до знаење дека добро се забавува, нејзините фанови успеале да воочат и нешто друго. На актерката на фотографијата и се оцртувале сите ребра, па многумина коментирале дека таа е преслаба.

Алба, која е мајка на две деца, често на Инстаграм споделува фотографии на кои вежба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma