
Мошне интересна, лесна и ефикасна можност за да изгубите некој сантиметар од струкот. Не треба ништо да се прави, само да легнете на ролна од пешкир и да почнете да ја обликувате половината. Методата ја измислил јапонскиот доктор Фукочуџи, автор на книгата каде е опишана методата и која е продадена во 5 милони примероци. Тој открил дека главна причина за масните наслаги околу половината е искривувањето на карличните, рбетните и ребрените коски. После неколку експерименти ја докажал вистинитоста на својата метода и осмислил вежби за брзо слабеење на струкот. Иако, она што се прави, не може да се нарече вежбање.
Суштината на методата е: се лежи на ролна од пешкир неколку минути три пати дневно.
Еве како тоа изгледа:
Направете ролна од пешкир и врзете ја за да не се одмотува.


Легнете на цврста подлога, најдобро на под.

Пешкирот треба да биде точно под папокот.

Пекирот треба да биде подолг од вашата ширина.

Нозете треба да бидат разделечени во ширина на рамениците, а палците треба да се допираат.

Рацете испрушете ги над глава.

Дланките треба да бидат свртени кон долу и малите прсти да се допираат.


Тоа е тоа. Во оваа положба треба да лежите 5 минути три пати на ден. Со тек на време времетраењето на позата може да се зголеми.

httpv://www.youtube.com/watch?v=-QUlEK8oYlY