Фејсбук ни подготвува непријатно изненадување: Во иднина ќе можат и да не слушаат?

popara2 јуни, 20141min00
4

Фејсбук неодамна најави дека наскоро ќе воведат нова опција во својата апликација која ќе ги слуша нашите конверзации во опкружувањето во кое се наоѓаме со помош на микрофон. Компанијата тврди дека опцијата ќе се користи за слушање на безопасни работи како што се идентификација на песни, но со оглед на тоа дека апликацијата ќе користи микрофон секој пат кога ќе сакаме да напишеме некој статус, таа реално ќе може да прислушкува буквално се.
Не само што ова делува језиво, туку ја загрозува и нашата приватност. Добра работа е што опцијата може да се исклучи, но повеќето корисници нема да имаат појма за што се работи, па веројатно ќе остане активна.
Компанијата вели дека ќе бидат одговорни со новата функција на апликацијата, но дали можеме да им веруваме? Меѓу другото Фејсбук само пред некој месец беше осудуван од страна на јавноста поради соработката со НСА и учеството во прислушкувањето спроведено од страна на оваа агенција. Поради ова добиваа милиони долари, а Марк Цукенберг ги демантираше сите обвиненија.
Информациите што Фејсбук ги собира со прислушкување на своите 1,2 милиарди корисници можат да се продадат за огромни цифри на разни корпорации со цел тие да добијат подобар увид во она што ние сакаме и што не интересира.
Фејсбук се однесува во најдобар интерес на сопствената сметка, а не своите корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *