Овие прекрасни фотографии од новородени бебиња се создадени благодарение на дамата која по професија е фотограф и која користела звук од фен за да ги успие децата за да може да ги фотографира додека тие слатко сонуваат.
46 годишната Карен Волтшир ги смирува своите субјекти, при што е важно малите бебиња да бидат добро нахранети, пред да започне да ги снима и нежно ги гали нивните затворени очиња. Така тие добиваат блажен изглед на нивните мали лица. Исто така, ако и вие сакате да направите слична фотографија со вашето бебе, потрудете се малечките да бидат сместени на топло врз меко ќебенце и пригушено светло. Во позадина најдобро е да оди тивка музика од природни звуци.