Фотографијата што го потресе светот: Четиригодишно дете лутало низ пустина барајќи спас!

popara18 февруари, 201417min00
22

Вработените во УН во неделата нашле 4 годишно момче од Сирија како само, без родители лута низ Јорданската пустина обидувајќи се да најде спас од ужасната војна.

Со себе земал се што имал – во мала пластична вреќа.

Ова е 4 годишниот Марван, привремено одвоен од своето семејство, снимен во моментите кога вработените во UNHCR му помагаат – напишал претставник на агенцијата на УН за бегалци.

Во саботата пропадна уште еден обид од страна на САД и Русија да се спречи војната, после што новиот бран бегалци кои веќе ги има над два милиони од Сирија се упатиле надвор од границите на земјата.

Се проценува дека најмалку 3700 деца од Сирија се одвоени од своите семејства.

Марван имал среќа. Неговото семејство успеало да премине во Јордан, а него УН го споиле со мама и тато.

Djecak-pustinja