Славниот српски тенисер не престанува да дава подршка на сите загрозени од поплавите.
Најпрво тоа го направи апелирајќи до сите светски медиуми да посветат поголемо внимание на катастрофата, а потоа целокупниот износ од римскиот мастер, половина милион евра, го уплатил за помош на поплавените подрачја, а потоа преку социјалните мрежи се погрижил неговите зборови да допрат до сите погодени во овие тешки моменти и до сите оние кои можат да помогнат.
Да живеат сите народи на бивша Југославија! Нека Господ биде со вас! – напишал Новак на својот Твитер профил.