
Вортингтон го удрил фотографот Шенг Ли, кој сакајќи да ги фотографира Вортингтон и неговата девојка Лара Бингл одблиску, ја удрил Бингл во пределот на нозете. Веднаш потоа Вортингтон бил уапсен од полицијата поради напад. Актерот бил пуштен од притвор, но ќе мора да се појави пред суд за да одговара за стореното.
И фотографот ќе мора да се појави на суд, бидејќи е обвинет за напад и малтретирање.