Познавачите на рускиот народ и обичаи, а кои своето “образование“ го стекнале со гледање Јутјуб клипови од Русија, би можеле да се изненадат од видеото што ви го претставуваме.
Иако станува збор за видео од рускиот сообраќај каде учествува и еден моторџија, не станува збор за никаква лудорија туку за еден свесен и сочувствителен возач кој одлучил со својот мотор да го блокира сообраќајот за да му овозможи на старецот да ја премине улицата.
Тоа го направил и покрај протестите на другите учесници во сообраќајот кои му свиреле, а трогателното видео погледнете го во продолжение:
httpv://www.youtube.com/watch?v=CYveDEem5VA