Го барала исчезнатиот сопруг со години, а потоа случајно го сретнала на паркинг…

popara12 ноември, 20141min00
5
Кога сопругот на Керен Маркс исчезнал во 2005-та година, таа стравувала дека повеќе никогаш нема да го види. Адам Л. Маркс не оставил никаква порака, никогаш не ја повикал и испарил без објаснување.

Карен со години го барала својот сопруг и конечно го нашла, девет години откако исчезнал. Тогаш открила дека се оженил за друга жена. „Не можев да сфатам како се оженил повторно. Што направил со мојот идентитет?“, вели Карен.

Но, тоа на Адам не му било прв пат да ја остави сопругата со која се уште бил во брак. Не му било прв пат ниту да ја напушти Карен. Карен го запознала Адам додека тој бил оженет.

„Ми раскажуваше дека ќе се разведе од неа, бидејќи сака да биде со мене и со децата, да бидеме едно големо среќно семејство“, вели таа.

Адам после некое време навистина се развел и една година подоцна, се оженил со Карен на Денот на вљубените. Но, потоа исчезнал недолго после тоа. Тогаш оставил порака.

„Кога ме остави првиот пат, се чувствував како некој да ми ги раскинал градите и да ми го откорнал срцето. Буквално ми рече дека јас сум виновна и не може да се бори со моите деца“, раскажува Карен.

Сепак, после неколку месеци Адам се вратил дома. „Тогаш го условив, велејќи му дека нема да го примам назад ако повторно го направи истото“, вели таа.

И тоа се случило повторно. Адам се спакувал и си заминал, оставајќи ја Карен вод долговите кои тој ги направил. „Сакав да почнам бизнис, но кога ме остави, сите мои планови пропаднаа во вода“, вели Карен.

За него не слушнала ништо цели девет години, освен кога на кратко го сретнала на паркинг пред маркет, кога му пришла и му побарала развод. Тој ѝ рекол дека ќе ја побара, но не го направил тоа. Токму кога си помислила дека веќе не може да ја изненади, дознала дека се оженил.

Сега на Адам му се суди за бигамија, измама и давање на лажни изјави при склопување на брак. Карен планира да се разведе од него, бидејќи не сака да се омажи за друг маж додека не расчисти со Адам.

„Сметам дека сум во брак. Мислев дека бракот трае до крајот на животот, во добро и во лошо, во болест и во здравје“, ја завршува Карен својата приказна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma