Audi објави видео и фотографија од новиот А9

12 ноември, 20140
4
Audi објави видео и “тизер” фотографија од новиот “А9” концепт кој официјално ќе биде претставен на престојниот Саем во Лос Анџелес следниот месец.

Audi се одлучи во овој видео запис да го претстави нивниот нов директор за дизајн, Марк Лихте, кој зборува за својот прв проект во оваа компанија.

Тој вели дека страста за дизајнот на новите модели потекнува од модели какви што се Audi 90 quattro IMSA GTO и првата генерација на Audi A8 и TT купе.

 


Концептот A9 ќе го претстави и идниот дизајнерски јазик на овој германски бренд, а според претходните најави знаеме дека производството на A9 ќе започне во 2017-тата година и дека под хаубата ќе се најде 4.0-литарски V8 twin-turbo мотор со 600 КС (447 kW).

Светската премиера на новиот концепт е најавена за првиот новинарски ден на Саемот за автомобили.

https://www.youtube.com/watch?v=qe1NqQcIAqQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi