
Од видеото “Дејвид после стоматолог” од 2009-та година, кое до сега собра повеќе од 125 милиони прегледи, на Јутјуб се појавија еден куп снимки на кои се прикажани луѓе во состојба на зашеметеност по посетата на стоматолог.
Но, една девојка сега повторно успеа да го привлече вниманието на медиумите и тоа благодарение на серијата на VINES (мини клипчиња) кои во меѓувреме ги избришала, но сепак тие си го нашле својот пат до Јутјуб. Во нив таа кажува дека стоматологот и’ е секси, дека сака да има секс со Рајан Гослинг, дека сака бел пенис и дека сака да биде дел од семејството Кардашиан.
Американските медиуми се скептични дали само сакала да привлече внимание, но како и да е враќање нема: видеото до сега е прегледано повеќе од половина милион пати.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KHiWW-_jRUk