Го изневерувала партнерот па се убила!

popara24 февруари, 20141min00
52
Алина Богданова минатиот октомври била пронајдена мртва во станот на поранешното момче Александар Зукс. Тогаш 28-годишната Алина извршила самоубиство, а на трагичниот настан му претходел секс со некогашниот партнер, и тоа во пијана состојба.

Алина Богданова, Русинка по потекло, била во врска со Артурас Пакалниски кој живее во Петербург. Во октомври отишла во посета на братот во Линколншир. Престојот во Велика Британија и’ донел и средба со некогашниот партнер кој со братот на Алина го делел станот.

„Заспав крај неа, но следното утро ја пронајдов мртва. Мислев дека стои на скалите, ја прашав што прави таму, кога и’ пријдов, видов дека устата и’ беше помодрена“ – изјавил Александар Зукс.


Алина се обесила. Ништо не укажувало на тоа дека би извршила самоубиство. Нејзиниот брат изјавил дека ја видел Алина вечерта пред трагедијата, и дека му посакала добра ноќ.

Нејзиното момче исто така не забележало никакви знаци на предупредување.

„Беше многу среќна. Не беше депресивна. Знаев дека Зукс живее со нејзиниот брат, но не бев загрижен поради тоа. Само ми кажа: ’Одам да го посетам брат ми’ и тоа беше се‘“ – изјавил тој.


Оние кои ја познавале истакнале дека била полна со живот и дека можна причина за самоубиството било изневерувањето, но тоа никогаш нема да се дознае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *