Го напуштила факултетот, никогаш не успала да добие диплома, но затоа заработува милиони!

10 октомври, 20140
6

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс и основачот на Facebook, Марк Цукенберг никогаш не успеале да добијат диплома од Харвард. До нив се вбројува и Стив Џобс кој го создаде царството на Apple кое му беше поважно од учењето на престижен факултет.

Водејќи се од овој пример на тројцата најуспешни и најиновативни луѓе во светот кои никогаш не завршиле факултет се поставува прашањето дали напуштањето на факултетот е чекор кон успехот?

Традиционалното размислување вели дека треба да завршите факултет за да може да добиете некоја угледна и платена работа, но Гејтс, Цукенберг и Џобс заработиле милиони остварувајќи ги своите соништа и со градењето од темел на компанијата која им го променила животот.

Во клубот на оние кои не го завршиле факултетот, а имаат милијарди неодамна им се придружи и Елизабет Холмс.

Во 2003 година, тогаш 19-годишната студентка во втора година на Универзитетот Стенфорд го напуштила факултетот за да ја основа компанијата Theranos.

Смислила нова техника за вадење и анализа на крвта која целосно ги исфрлила од употреба иглите и непријатната постапка за многумина ја направила безболна.

go-napustila-fakultetot-na-19-godini-i-stanala-najmladata-milijarderka-1.jpg

Холмс развила постапка со која од прстот со мал убод се зема само една капка крв, која потоа се става во мала епрувета и се испраќа на анализа.

Една капка крв е доволна за 30 лабораториски испитувања, а резултатите можат да бидат готови за помалку од 4 часа.

Направила и хардвер и софтвер кои овозможуваат испитувањето на крвта да се направи веднаш по убодот и зачувувањето на капката крв во минијатурните епрувети – нанотеинери.

Нејзиниот страв од игли и крв ѝ помогнал да сфати дека многу луѓе ја избегнуваат анализата на крвта само поради тоа.

Таа поседува 50 отсто од компанијата Theranosa која успеала да склучи договори со многу аптеки ширум САД и на кои им го овозможува апаратот за брза анализа на крвта.

Сега нејзиното богатство е проценето на 4,5 милијарди долари.

Благодарение на тоа, таа е најмладата милијардерка на неодамна објавената листа на „Forbеs“, меѓу 400 најбогати Американци.

go-napustila-fakultetot-na-19-godini-i-stanala-najmladata-milijarderka-2.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *