
Иако веќе никого не го изненадува тоа што Мајли се слика разголена, сепак нејзините егзебиции не можат да поминат незабележано. Некогашната Хана Монтана позирала скроз гола за најновото издание на престижното списание “W“.
На себе освен многу накит има само перница што ги покрива критичните делови на телото, додека повеќето не ја препознаа бидејќи ги обоила веѓите и ја сменила фризурата.
“Не можам да ги разберам девојките и нивниот стил на облекување. Сакам да им кажам да ја баталат шминката, долгата бела коса и големите гради. Тоа не е поентата, изградете сопствен стил“ – советува Мајли.
