Границата меѓу сиромаштијата и богатството

popara21 мај, 20141min00
11

Јазот меѓу богатите и сиромашните секој ден се проширува, а можеби и најдобар пример за тоа е Мексико Сити, каде разликите во богатството се неверојатно изразени.

Имотните луѓе во градовите обично живеат во делови и населби каде се и физички одвоени од сиромашните.

Меѓутоа, во претстолнината Мексико тоа не е случај, а фотографот Оскар Руиз покрена кампања „Да ги избришеме разликите“ како би привлекол внимание на големата социјална и материјална диспропорција.

Кој прв пат ќе ги погледне фотографиите ќе помисли дека се обработени и изменети, но не се.

– Овие фотографии не се модифицирани. Време е тоа да го промениме, се зборовите кои се испишани под секоја фотографија.