Основната функција на безбедносните појаси е да спречат или ублажат повреда на патникот во случај на сообраќајна несреќа, но во некои сучаи не е неопходно да дојде до судир за патникот во возилото да зажали што не бил врзан. Совозачите на возила за доставување на производи низ градот често не врзуваат појас сметајќи дека тој им ја намалува брзината при работењето бидејќи тие често мораат да излегуваат и влегуваат во возилото што е дел од извршувањето на нивните работни обврски.Тоа можеби е безбедно се’ додека возачот не се одлучи на нагло полукружно вртење, а вратата на совозачот е отклучена:
httpv://www.youtube.com/watch?v=lO_yHQUOpo4
Безбедносните појаси се корисни при неочекувано и нагло сопирање на возилото. Во такви случаи патниците кои не се врзани со појас може да доживеат повреди дури и во случај кога сопирањето не завршува со судир.