Модната недела во Милано започна во знакот на Гучи, бренд кој секогаш наидува на задоволство кај љубителите на модата.
Навраќајќи се на стилот од 70-те, Гучи лансираше прекрасна колекција во која секој ќе пронајде парче омилена облека бидејќи колекцијата понуди прекрасни парчиња кои секој може да ги носи.
Складните бои во кои доминираат кафеавата, зелената, сината и црвената, многу копчиња, антилопски обувки, кожни здолништа и крзнени додатоци – сето тоа ја направи оваа колекција многу впечатлива, модерна и елегантна.
Иако е рано да се размислува за пролетта, колекцијата на Гучи сигурно ќе ве инспирира да погледнете во плакарот и да пронајдете некое заборавено парче облека кое потсетува на стилот на 70 –те.