Гугл мапите ќе ви покажат каде да си купите дрога?!

popara4 март, 201418min00
27

Еден блок на Бруклин во Њујорк на мапите на Гугл идентификуван е како место каде можете да си купите дрога. Еден од корисниците на социјалните мрежи нашол грешка и ја поставил на интернет запрашувајки се како можело да се случи вакво нешто. Штом се дознало за овој пропуст, маркерот е избришан но еден ден подоцна се појавил на нова локација. Кога го прашале човекот кој ја открил втората грешка како воопшто ја приметил, одговорил дека барел упатства за некој ресторан кој се наоѓал во тој крај, но се “пресекол” кога навигаторот го упатил лево на “крајот со дрогата”. Се претпоставува дека маркерот го поставил некој дилер на дрога кој сакал да ја промовира својата професија, а инаку тој крај е познат по проблемите со хероинот.

28