– Нејзиното опијанување и непристојно однесување ја доведоа до тоа сега и речиси да нема пријатели. Поминува низ кризата на средните години поради што речиси е невозможно да се комуницира со неа. Хајди, поголемиот број од минатата година ги помина забавувајќи се. Би требало малку да застане и да се соочи со она што ја загрижува, откри изворот.
Причината за нејзиното однесување наводно е раскинувањето со 18-месечната врска со нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен. Но, славната убавица не губеше време и набрзо се најде во прегратките на Вито Шнабел (27) кој одеше со славната актерка Деми Мур.
Изворот наведува дека поради сето тоа Хајди не поминува многу време со нејзините четири деца.
– Откако се појави Вито, децата времето го поминуваат главно со дадилката, отрки изворот.
Освен тоа, Хајди многу ја погодило тоа што повеќе не е толку многу популарна како што била.
– Почна да го губи почитувањето и воодушевувањето кое го имаше како госпоѓа Сил, откри изворот за Radar Online.