
Пејачот Хари Мата Хари снимил нов сингл “Dа te kao covek zavolim“, и по тој повод ја отворил душата и ги прокоментирал настаните на естрадата.
Пејачот особено се налутил кога го прашале дали својот настап на 14 фебруари намерно го закажал на истиот ден како и колешката Дорис Драговиќ.
“Ова ни малку не е интересно! Ма кој ја е*е Дорис Драговиќ! “ – изјавил револтирано Хари.
Пејачот прокоментирал и за гласините дека наводно ја изневерувал својата сопруга.
“Кој е безгрешен? Во мојот случај тоа се грешки од младоста. Денес го немам тој тестостерон како порано, иако ме бие глас за голем швалер“ – бил искрен Хари, и додава дека денешните старлети ги гледа како глупави личности и кои ни најмалку не го привлекуваат.
“Старлетите се добри само 5 минути, и што ќе правиме после? Кој ќе ја трпи глупоста кога ќе излезе од нив? – вели Хари.
