
Даниел Кајмакоски викендот го помина во Македонија, а мини одморот го искористи за да се дружи со своите верни фанови.
Судејќи според фотографиите и видео клипот Кајмакоски веќе е голема музичка ѕвезда, огромоен број луѓе дошле да го запознаат и да се фотографираат со него, а како што дознаваме средбата поминала совршено: девојките плачеле од среќа, вриштеле, а Даниел добил многу подароци од своите обожавателки.
Ги наполнив батериите со енергијата на моите фанови и подготвен сум за суперфинале – изјавил задоволно Кајмакоски.
Погледнете како фановите го дочекале Даниел во Скопје:
httpv://www.youtube.com/watch?v=LQu8H7-0gLw
