„Девојката е многу убава! Треба да биде во Плејбој. Пратете и порака дека ние сме спремни за нејзе.“, рече 87 годишниот сопственик на престижниот магазин за мажи.
Глумицата Маргот Роби, на повеќето позната како Наоми или сопругата на Лео во одличното филмско остварување „Волкот од вол стрит “, ги подгреа машките низ цел свет со големите кадри со секс, а на нејзиниот заводнички шарм падна и сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер.
Иако да се биде на наслобна на Плеј Бој за многумина е најголем сон, младата глумица се уште нема дадено одговор на неговата молба.