
Секој хороскопски знак има свој пристап и стравови кон средството за размена. Се разбира, луѓето не се хороскопски знаци, но во продолжение ќе дознаете некои од необичностите на вашите блиски.
Имајќи ја во предвид љубовта на Овните кон дејството и авантурите, лансирањето на сопствен бизнис е најдобар начин за управување со парите и привлекување на уште.
Финансиската сигурност не е првото нешто кое го движи и мотивира овој огнен знак. Парите служат за да бидат достапни во секој момент и да ги прават возможни импулсивните (и понекогаш ризични) замисли и желби на Овните.
Нивните прсти се широки и тешко задржуваат заштеди. Затоа е потребно да се научат да штедат за црни денови.
За разлика од Овенот, главен приоритет на Бикот е здрав и сигурен финансиски грб. Ако не беа парите и материјалниот успех, Биковите немаше да си го помрднат прстот и да излезат од удобната зона на својот спокоен живот.
Богатството за Биковите е воочливо, може да се допре, да се види. Тоа не значи дека не се стручњаци и на духовниот труд на човештвото, но ги претпочитаат оние плодови, кои може да ги исконзумираат и да уживаат во нив – храна, музика, вино, слики…А за тоа се потребни пари.
Близнаците се идеалисти, би рекле Биковите. Претставниците на воздушниот знак ќе си изберат професија преку која може да се изразат себеси и да си го хранат интелектуалниот глад, ништо, ако е лошо платена.
Генерално, сепак нивниот став кон парите е променлив – денес ги сметаат за исклучително важни, а утре ги трошат потценувачки лесно. Нивната речовитост е нивниот најсилен квалитет кој исто така им помага и во постигнувањето на финансиска благосостојба.
Финансиската стабилност е од исклучителна важност за Раковите. Клучниот начин за нејзино постигнување е семејниот бизнис. Раковите се грижливи и ќе сторат сé за целото семејство и сите вработени во канцеларијата да се задоволни и среќни.
Расположението на Раковите е непредвидливо и тоа може да им влијае лошо во донесувањето на финансиски одлуки. Во повеќето случаи, сепак, кога станува збор за пари, успеваат да се разделат од емоциите.
Лавовите сакаат да ја споделат својата состојба со пријатели и блиски, дури и за социјални каузи во поголема или помала мера. Со задоволство ќе посегнат рака со заем.
Не се колебаат да расфрлаат пари за своите потреби – тие веруваат дека парите треба да се вртат. Уживаат во финансиски шпекулации, но треба да се научат поефикасно да ги управуваат финансиските средства, за да не влегуваат често во минус. А недостатокот на пари ги удира во самодовербата.
За Девиците е важно да бидат обезбедени. Си ја обезбедуваат иднината и за разлика од Лавот рано се грижат за своето пензиско осигурување.
Си ги ценат парите, заработени со пот на челото, и не би презеле ризични потези. Ако нивната финансиска ситуација биде загрозена, вознемиреноста и несоницата брзо ги притискаат.
Вагите умеат добро да избројат За и Против, пред да донесат финансиска одлука. Но понекогаш мерењето нема крај – нивната колеблива природа ги принудува да се консултираат со мислењата на околните – роднини, сопруг, партнер, па на крајот нешто тргне наопаку.
Обично имаат добро чувство за најпрофитабилните зделки и затоа пријателите и блиските често се обраќаат кон нив за финансиски совет. Преферираат да плаќаат навреме и да не запаѓаат во долгови.
За типичата Шкорпија парите го вртат светот. Според претставниците на овој знак парите имаат трансформирачка сила, а богатството отвора врати. Затоа и Шкорпијата е решена да постигне финансиска стабилност. Не се плаши да превзема ризици, но тоа го прави со длабока проникливост и обично победува.
Шкорпијата треба да е подготвена и за големи загуби, од кои секогаш се опоравува и почнува од почеток, но пак слични животни ситуации ја учат дека вистинското богатство е нематеријално. И во тоа е во нејзината сила.
Стрелците исто така ги сакаат богатството , удобноста и луксузот. Ги привлекуваат најскапите и екстравагантни купувања. Трошат пари великодушно и најмногу за нови искуства , авантури и патешествија. Мечтаат за богатство, но неретко тоа останува само во нивните мечти.
Желбата за брз финансиски удар може да ги доведе до сомнителни шпекулации и коцкање. Добрата работа за Стрелците сепак, е дека истовремено се идеалисти и оптимисти и неретко знаат и двесте, и две илјади. И со двесте денари во џебот ќе го прошетаат светот.
Јарците нема да се впуштат во сомнителни трансакции, за да се збогатат. Ќе го следат царскиот пат и ќе заработат пари преку тестирани формули. Ризиците не им се по вкус и полека ќе ги следат зацртаните цели.
Често се збогатуваат или постигнуваат опиплива финансиска стабилност на зрела возраст или во залезот на своите животи, но тогаш навистина се оддаваат на задоволства со срце.
За Водолијата парите се само средство за задоволување на основните животни потреби. Тие не се ниту екстравагантни, ниту стиснати, туку рационални. Водолиите умеат да ја осигураат својата иднина, особено ако издвојат пари за некој свој сон или голем проект. Уште подобро, ако тие имаат социјална или глобална важност.
Во однос на парите Рибите се смирени и лежерни. Тие се непрактични и неретко склони кон зависност, но тоа не значи дека паѓаат во беда, бидејќи имаат одличен талент и интуиција и секогаш наоѓаат начин да заработат добри пари.
Всушност тие се прилично пасивни, кога станува збор за гонење на финансиската среќа. Но во многу случаи парите сами ги наоѓаат, особено ако си ги оддале времето и енергијата во служење на другите.