Хармоничниот љубовен однос кој ќе не направи среќни е резултат на силата на обостраните емоции, ама и труд, залагање и добра волја. Се смета дека за квалитетна врска, пресудна улога играат четири фактори: нашите одлики како партнер, свест за своите недостатоци, како и напорите кои ги вложуваме за да ги ублажиме или поништиме истите.
ОВЕН
Вие како партнер: Размислувајте со срцето, а не со главата. Се однесувате во согласност со старата изрека “Љубовта е слепа!” Ви недостасува мудрост, дипломатија и склони сте да ги игнорирате знаците на предупредување и опасност.
Совет за хармонична врска: Животот во “златниот кафез” нема да може да ве задоволи, па дури и ако самостојно сте го избрале. Бракот за вас е своевиден предизвик, а понекогаш имате склоност партнерот да го доживувате како “непријател.” Подобро би било да го прифатите како личност која го збогатува вашиот живот!
Идеален партнер: Оној што ќе ви понуди доволно возбудувања; оној во чие друштво ќе престанете да се вртите за другите и нема да го прекинете односот после првата жешка расправија.
БИК
Вие како партнер: ја цените хармонијата, сигурноста и копнеете за траен и стабилен однос. Не се откажувате лесно од љубовта и подготвени сте да вложите многу напор за да ја одржите врската.
Совет за хармонична врска: Не очекувајте секогаш да бидете во право; отстапете понекогаш од своите принципи, во името на заедничката добросостојба. Немојте да се обидувате да го превоспитувате партнерот преку ноќ: ако го прифатите таков каков што е, тогаш се работи за вистинска љубов.
Идеален партнер: Оној што ќе внесе промени и ведрина во секојдневието; вредна и претприемничка личност која ги цени материјалните добра.
БЛИЗНАЦИ
Вие како партнер: Вие сте пријатни, ведри и духовити, ама честопати ви префрлаат дека не сте способни (или ги избегнувате) сериозните врски. Сакате да експериментирате и не се грижите премногу за романтиката. Патот до вашето срце води преку интелектот.
Совет за хармонична врска: Сакате дружења и излегувања со пријателите и ве фаќа ужас од самата помисла дека сте осудени времето да го поминувате со една личност. Потрудете се да внесете малку повеќе романтичност во брачните води, па ќе се уверите дека ни таквиот однос не е лишен од добра забава.
Идеален партнер: Ако ви се допаѓа начинот на кој размислува; ако разговарате со часови и ако се разбирате – тоа е знак дека сте вљубени “до уши.” Ако притоа не ви е важен физичкиот изглед на партнерот – во прашање е фатален партнер.
РАК
Вие како партнер: Вие сте романтични, нежни и склони кон завземање родителски, мајчински став кон саканите. Ви поаѓа од рака да продрете во најинтимните желби на најмилите и се трудите да ги задоволите.
Совет за хармонична врска: негувајте независност, совладајте ја тенденцијата за жртвување и потиснување на своите желби; научете се да уживате во својата самостојност и во моментите на самотија. Научете ја вештината за отворено изразување на своите желби и очекувања.
Идеален партнер: Оној пред кој ќе можете искрено и без тешкотии да ги откриете своите слабости, а во исто време да се чувствувате заштитено. Ако притоа, партнерот ужива во вашиот покровителски настап, ќе бидете навистина среќни.
ЛАВ
Вие како партнер: Вие ја галите и чувате саканата личност; ја опсипувате со подароци и изрази на љубов. Вие сте тие кои го разведруваат или наоблачуваат брачното небо.
Совет за хармонична врска: Понекогаш толку многу сте окупирани со своите емоции, па не забележувате што мисли или што чувствува другата страна. Понекогаш знаете целосно да го игнорирате нејзиното мислење. Не поставувајте премногу високи очекувања и размислете дали давате толку многу, колку што мислите. Почесто прашувајте го партнерот што мисли и дали сака или дали се согласува со вашето гледање на ситуацијата.
Идеален партнер: Елегантен, културен, оној што знае несебично да дели комплименти. Совршениот психички профил подразбира и толеранција, прилагодливост и дефинитивно – оптимизам.
ДЕВИЦА
Вие како партнер: Вие сте критичари кои не отстапуваат од своите, најчесто многу високи критериуми. Вие сте скромни и резервирани, па дури и наклонети кон жртвување.
Совет за хармонична врска: Во фокусот на вашите интереси се проблемите, потребите и емоциите на саканата личност, а притоа се запоставувате себе си. Немојте премногу сериозно да го сфаќате она што другите ви го кажуваат, бидете повеќе оптимистични и не инсистирајте на перфекционизам.
Идеален партнер: Оној што ќе се однесува кон вас на ист начин како и вие кон него – со поеднакво внимание, почитување и грижа; со кој ќе изградите однос кој е заснован на искреност, а исто така се советува на полето на секојдневните активности, да бидете на иста “бранова должина.”
ВАГА
Вие како партнер: Вие сте романтични, нежни, мазни и кокетни. Кога сте вљубени, животот го набљудувате низ розови очила. Ги избегнувате кавгите и расправиите, уверени дека доволен е еден лош збор за љубовта да заврши.
Совет за хармоничен однос: Принципот на роматиката усогласете го со принципот на стварноста, а очекувањата усогласете ги со реалниот живот. Настојувајте колку што е можно побрзо да се навикнете на рутината на заедничкиот живот. Затоа што бракот се состои од досадни работи, обврски и задачи.
Идеален партнер: Ќе изградите посебен однос со личност која сака излегувања и дружења; а ако освен тоа e и амбициозна и претпприемничка, ќе останете долго време заедно.
СКОРПИЈА
Вие како партнер: Располагате со исклучителен магнетизам; сакате длабоко и страсно, а страста ја поистоветувате со љубовта. Вие сте верни и приврзани, а истото го очекувате од другата страна.
Совет за хармонична врска: Избегнувајте ги речениците од типот:”Ако навистина ме сакаш, ќе го направиш тоа”. Научете се да ја разликувате љубовта од посесивноста, или потребата да завладеете со партнерот. Склони сте на силни емоционални ерупции, па затоа заедничкиот живот со вас не е секогаш лесен. Негувајте ја вештината на компромисот, затоа што компромисот не е ваша јака страна.
Идеален партнер: Личноста во која ќе имате потполна доверба, која нема да ја проверувате на секој половина час и онаа која нема да ја поттикнува вашата љубомора.
СТРЕЛЕЦ
Вие како партнер: Вие сте весели, ведри и заиграни. Она што ве прави посебно неодоливи, се разбира дека е вашиот идеализам и ентузијазам. Ве привлекуваат авантурите и новитетите и инсистирате на својата слобода и независност.
Совет за хармонична врска: Преовладувате во категоријата на оние кои го избегнуваат заедничкиот живот. Бракот го доживувате како институција која е преполна со ограничувања, која ја ограничува личната слобода и ја гуши индивидуалноста. Потрудете се да откриете ситуации во кои дружењето и заедничките искуства ќе ве радуваат повеќе, отколку да ги доживеете сами.
Идеален партнер: Личност која ќе биде повеќе заинтересирана за постигнувања на духовно/интелектуално, а помалку на физичко и материјално ниво.
ЈАРЕЦ
Вие како партнер: Во младоста сте крути, резервирани и изгледате ладно, па токму затоа се советува да влезете во брак во позрели години. Во потрага сте по мирна, сигурна и цврста врска. Вашите предности најмногу доаѓаат до израз во кризните моменти.
Совет за хармонична врска: Личноста која ќе ја прифати вашата тврдоглава природа, може со доверба да ви се препушти за цел живот. Ако се откажете од потребата, однапред се да планирате, ќе се лишите од стресови. Немојте да влегувате во брак се додека кариерата и парите ви се поважни од љубовта и заедништвото.
Идеален партнер: Онаа личност со која ќе посакате да остарите заедно, со која ќе остварите рамноправен однос.
ВОДОЛИЈА
Вие како партнер: Пријателски сте настроени, дружељубиви, пресретливи, и секогаш подготвени да помогнете. На некој начин, вие сте доволни самите на себе, па затоа од врската очекувате многу малку, а речиси ништо не барате.
Совет за хармонична врска: Негувајте заедничко хоби и други активности, кои ќе придонесат да креирате навики и модели на однесување во кои и двајцата ќе се чувствувате убаво. Наместо да се доверувате на пријателите, правете го тоа со саканата личност, па дури и во ситуациите кога сте убедени дека нема да ве разбере.
Идеален партнер: Подеднакво независна и “самодоволна” личност, која ќе ја разбере и прифати вашата животна филозофија. Ќе бидете двојка која е длабоко поврзана, иако навидум со невидливи нитки.
РИБИ
Вие како партнер: Ниту еден знак од зодијакот не тежнее кон љубов и роматика, како припадниците на овој знак. Вие сакате длабоко и слепо, па многу често не ги гледате слабостите, пропустите и недостатоците.
Совет за хармонична врска: Вашата претстава за љубовта е идеалистична и телесна. Успех ви престои во моментот кога ќе научите како да го прифаќате партнерот таков каков што е, а не онаков каков што вие го замислувате. Обидете се да одолеете на потребата во моменти на криза да бегате во светот на фантазијата и илузиите.
Идеален партнер: Личноста која ќе знае како да излезе на крај со вашите промени во расположението. Онаа што со едната нога стои цврсто на земја, а во исто време е подготвена да ви се придружи во волшебните моменти на сонувањето и мечтаењето.