За него: Дали вашата девојка заслужува прстен?

28 октомври, 20140
15

Таа се состанува со своите пријателки на ручек и според камењата на нивните прстени, заклучувате дека станувало збор за геолошки симпозиум. Се разбира, таа после ќе ве потсети “Ама, мојата пријателка и нејзиниот фраер(дечкото што не можете да го поднесете) се заедно една година и веќе се верени”, лежерно ви напоменува таа. Морате нешто да направите. Ама што?  Да ја запросите? Никако, пред да го направите следниот тест: ако паднете на две од четири, можеби е време сериозно да размислите за нејзината згодна и паметна пријателка, која толку добро знае да готви…

24114_1

1. Проценете ја вредноста

Ако сте го гледале Леонардо ДиКаприо  во улогата на брокерот од Вол Стрит, најверојатно ќе помислите дека тие дечки единствено можат да ве посоветуваат за квалитетот на шампањското. Но врските помалку наликуваат на берзата “Кога инвеститорот стане емотивно врзан за проектот (како вие со вашата девојка), најверојатно ќе се задржи предолго”, предупредува Ian Bright од Dutch Bank ING. ” Од друга страна, лошите брокери ги продаваат добрите акции пребрзо.” Ви звучи познато? Луѓето кои знаат со парите, многу добро знаат дека акцијата треба да се продаде, кога нејзината вредност  ќе се приближи  во однапред зададените граници – и се разбира, тоа го прават без емоции.

На вас ви останува, без емоции да одговорите  на седум прашања кои следат – ако одговорите со ДА на повеќе од четири, вашата врска сигурно не вреди многу на берзата.

– Дали лажете за своите обврски, за да се извлечете од дружењето со нејзините пријателки?

-Дали мирната вечер во вашиот дом ја заменила за дружба со нејзините пријателки?

– Дали неделното попладне повеќе би сакале да го поминете со добра книга, отколку со неа?

– Дали ве заплашува идејата на викендот, поминат со нејзините родители?

– Дали поминало повеќе од една година, откако не сте биле заедно на одмор?

– Дали ви се допаѓа некоја нејзина пријателка, повеќе од неа?

– Дали понекогаш фантазирате за таа пријателка, додека имате секс?

5030456_orig

2. Краткотрајна рецесија или долготрајна депресија?

Сексуалниот живот во секоја врска, од време на време успорува – во еден момент возите формула 1 , а во друг (повторно) си играте со вашиот обичен автомобил…За да не трае тој период предолго, би требало и двајцата да работите на тоа ( а не да го фрлите вашето око на соседите). Одговорете на прашањата на сексуалниот советник Judith Orr и проверете дали возите на резерва.

1. Колку често водите љубов?

а) Повеќе од двапати неделно (5 поени)

б) Двапати месечно (3 поени)

в)Еднаш месечно (1 поен)

г) Кога врбата ќе роди грозје (0 поени)

2. Кој го иницира сексот?

а) Таа (5 поени)

б) Вие (1 поен)

в) двајцата (3 поени)

3. Колку е сексот интензивен, во споредба со вашиот прв заеднички секс?

а) Еднакво интензивен како тогаш (5 поени)

б) Хм…па, тука негде (3 поени)

в) Гледам дека размислува, што да зготви за утре (0 поени)

4.Колку често ве одбива?

а) Никогаш (5 поени)

б) Секој трет пат  (3 поени)

в) Навистина би требало да оди на лекар, за да ги реши нејзините главоболки…(0 поени)

5. Дали ја одбивате вие неа?

а) Никогаш (5 поени)

б) И така и така (3 поени)

в) Би требало да знае дека навистина сакам да гледам ТВ (0 поени)

Дали си ги собравте поените?

Ако имате помалку од 12 поени? Рутината не е доблест, веројатно тоа ви е јасно.

Ако имате повеќе од 12 поени? Вие сте еден чекор поблиску до олтарот.

brak-1349987248-218273

3. Време е за нов почеток?

Размислете колку сте вложиле во врската – емиционално и финансиски. Прво пресметајте ги трошоците: колку само сте потрошиле на кафе, излегувања, вечери, влезници за кино и театар, заеднички летувања и зимувања….? Во врската не сте вложиле само пари, само помислете колку часови (и денови) сте потрошиле на семејните собири, излегувања со нејзините пријатели/ки, колку пати сте ги подврзувале овошките  во овоштарникот на нејзиниот татко…Помислете си само колку време и пари е тоа и запрашајте се дали сте подготвени да ги кренете рацете од сето тоа.  И, што е уште поважно: дали сакате сето тоа да го повторите во новата врска?

1. Колку часови во текот на неделата работите?

20  25  30  35  40  45  50  55  60

2. Колку пати во неделата се гледате со вашите пријатели?

1   2   3   4   5   6   7

3. Дали се занимавате со некаков спорт?

4. Колку вечери во неделата поминувате во теретана?

1   2   3   4   5   6   7

Вкупно три во црвената зона?

Нема да ви биде лесно да започнете се од почеток. Убаво размислете пред да донесете одлука.

Ona-i-on-da-li-planira-da-vas-zaprosi

4. Враќање во иднината

Експертот за врски Paula Hall, тврди дека пред да се влезе во брак , важно е да се одреди, дали имате на што да градите долготрајна врска. ” Размислете добро за се и ставете ги на лист хартија сите работи што ви се важни вам и на вашата партнерка”, предложува таа.  Одредете си граници, кои нема да ги поминете. Таа наведе 5 работи кои се кобни за иднината на врската – споредете ги своите одговори со одговорите на вашата подобра половина.

1. Пријатели

Колку пати месечно сакате да се гледате со нив?

2. Деца

Дали сакате да ги имате и кога?

3. Пари

Дали треба да отворите заедничка сметка во банка?

4. Имот

Дали заедничката сопственост е посакувана?

5. Семејство

Дали е добра идејата да живеете со вашите или нејзините родители?

Ако не се поклопувате во три или повеќе прашања, бегајте подалеку од златарницата!

Ако вашата врска не помина на два од четирите понудени тестови, би требало добро да размислите. Запомнете: Ужасниот крај е секогаш подобар од ужасот без крај! Ако успешно ги поминавте замките на нашите тестови, ви честитаме – па можете да не поканите на свадба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *