Кинетички дожд: Прекрасна движечка инсталација на аеродром во Сингапур
28 октомври, 20140

Ако имате можност да бидете на аеродромот Changi во Сингапур, морате да ја погледнете оваа неверојатна уметничка инсталација на АРТ + COM. Наречена е „Кинетички дожд“ и е составена од два дела, секој со 608 капки дожд направени од лесен алуминиум покриен со бакар. Со тенки челични јажиња, секоја капка се чини дека магично лебди, а благодарение на скриени компјутерски контролиран мотор капките се движат. Целата кореографија трае 15 минути.
Погледнете го видеото подолу за да ја видите оваа прекрасна инсталација во акција.
http://vimeo.com/45188800