Хороскопскиот знак ќе ви покаже што сте биле во претходниот живот

15 април, 20140
3

Ако верувате во реинкарнација, прочитајте што кажува вашиот хороскопски знак за вашиот претходен живот.

Овен

Во претходниот живот сте биле емотивно нерешителни и зависни од другите во секој поглед. Затоа сега е многу важно да покажете решителност на емотивен план, да инсистирате на остварување на вашите потреби и желби, со цел да го пронајдете вашиот идентитет. Сепак, не е препорачливо да одите во друга крајност, односно преголема независност која може да премине во егоизам. Упорност и верба во себе е она што ви е потребно.

Доколку сте Овен во подзнак, во минатото сте воделе живот исполнет со макотрпна работа и одрекнување. Сте важеле за голем идеалист. Најверојатно сте биле сликар, архитект, музичар, морепловец или сте се занимавале со изработка на ракотворби.

Бик

Минатите животи кои се зад вас биле емотивно нестабилни и жестоки. Во минатата инкарнација сте имале можност да ги запознаете страдањето, стравот и големите страсти. Затоа ви е даден сегашниот живот, како шанса да се стабилизирате и приземјите. Стабилност, истрајност и синтезата на теоријата и праксата – тоа е вашата мисија денес. Дозволете му на вашето духовно битие да се манифестира преку работа. Единствено на тој начин ќе можете да созреете и да се потсетите на сето она од минатото што во меѓувреме сте го заборавиле.

Овој подзнак одразува вредна личност, која во претходната инкарнација немала среќа во љубовта. Токму поради тоа сега сте родени во знакот Бик, со кој владее божицата на љубовта и убавината – Венера. По професија најверојатно сте биле војно лице, механичар, актер или инжињер.

Близнаци

Проблемите во минатиот живот за вас произлегле од лошата комуникација со други луѓе, или недостиг од истата. Овој живот е можност да увидите колку е важно да ги искажете вашите чувства. Надоместете ги пропуштените шанси на полето на комуникацијата ако сакате да постигнете емотивна хармонија. Посесивноста, оддалечувањето од другите луѓе и повлекувањето во самоизолација сега би требало да ги надминете со нов модел на емотивно исправна комуникација.

Во минатото сте биле исклучително независни, а сега вашата мисија е да имате пријатели кои ќе ви помогнат во тешките моменти. Подзнакот Близнаци укажува дека личноста во минатото водела мирен живот, стекнала големо наследство или спонзорство. Сте биле најдобар занаетчија, готвач, слуга или забавувач.

Рак

Семејната положба ви наметна медиумска експонираност во минатото. Во овој живот како Рак среќата ја достигнувате помеѓу четири ѕида, заедно со вашето семејство и далеку од очите на јавноста. Површноста, трага од вашата претходна инкарнација, мора да е елиминира. Ваша задача е да бидете цврсти и полни со поддршка, како кон себеси, така и кон останатите. Без оглед на тоа што однадвор делувате студено, вашата внатрешност е мека како школка, метафорички кажано.

Сфатете ги правилно семејните односи. За вас од исклучителна важност се родителите и децата. Сепак, не заборавајте и на себеси.

Во минатиот живот сте биле богати, но сега морате да започнете од нула. Токму затоа се раѓате со знак или подзнак Рак, кој се одликува со исклучителна економичност. Порано сте воделе мошне интензивен социјален живот, а дури сте имале и две паралелни професии! Сте биле добар адвокат, трговец, политичар или детектив.

Лав

Вашата љубов во минатите инкарнации била безрезервна, но сега морате да научите да ја фокусирате емоционалната сила кон одредени луѓе и животни области кои се значајни за вас. Имате речиси детска способност да бидете среќни кога останатите ќе ве пофалат и кога сте во центарот на вниманието. Но, немојте да бидете гневни кога не сте единствената ѕвезда на подиумот. Работете на вашата самодоверба, но не претерувајте.

Подзнакот Лав посочува на личност која во минатото била ексцентрична, оригинална и неконвенционална. Сега, кога сте Лав, немате потреба за бунтување, бидејќи лидерското место ви е загарантирано. За разлика од сега, порано сте биле економски зависни од околината и сте работеле како писател, службеник, градинар или гостилничар.

Девица

Сегашниот живот ве учи дека имате право на избор, како и тоа дека вистинските емоции се градат бавно и постепено. Морате да научите да не се потпирате на останатите, бидејќи во минатото сте биле мошне зависни од останатите. Но, пред тоа треба да научите да се прифатите себеси со сите маани и доблести. Чувството на вина ве следи од минатите животи. Ослободете се од него! Остаток од претходната карма е вашата грижа за останатите и нивната судбина.

Во претходниот живот сте биле на лидерска положба како ловџија, трговец, директор, владетел, благородник. Затоа во сегашната инкарнација сте во позадина и никогаш не се експонирате. Добро е што имате предиспозиција за долговечност, бидејќи не секогаш било така.

Вага

Прво јас, па потоа останатите. Ова мото ве водело низ минатото, и токму поради тоа сега сте Вага, која има за цел да се посвети на останатите, во прв ред на партнерот/ката. Во овој живот имате повеќе бракови, љубовници или рано стапувате во брак.

Како негативни еха од минатото се јавуваат длабоко скриен и потиснат страв од останатите луѓе, одбојност кон тимската работа и недоверба кон луѓето. За да го елиминирате тоа, во сегашниот живот ќе бидете ставени на тест. Ќе имате многубројни пријатели и љубовни врски, со цел да научите како да изградите хармонични односи со околината.

Овој подзнак укажува дека сте биле филозоф, професор, книжар, службеник, или дипломат. Но, зацртаните цели сте успеале да ги остварите дури во втората половина на животот.

Шкорпија

Мирен живот, скромно богатство, посветеност кон децата. Да, такви сте биле некогаш. Најверојатно сте биле трговец, судија, адвокат, актер, циркузант или калуѓерка.

И покрај скромната материјална ситуација, се сте гледале низ призма на пари, заработувачка, капитал. И во овој живот се стремите кон луксуз.

Ирационални стравови кои ги влечете со себе се стравот од болката и страдањето, како и загуба на саканите личности, па токму поради тоа во сегашноста можете да отидете и во друга крајност – посесивност кон партнерот и блиските, со потсвесна желба да ги задржите само за себеси.

Имате моќ интуитивно да проникнете во самата суштина на животот. Потпрете се на вашата интуиција, која е вистински показател за тоа во која насока треба да се движите.

Стрелец

Во минатиот живот сте биле преголем догматик и конзервативец. Сте работеле како мисионер, говорник, полицаец или воспитувач.

Ваша кармичка задача е да научите да бидете флексибилни и да се ослободите од предрасудите од секаков тип. Токму во таа новооткриена страна на вашата личност ќе пронајдете вистинска слобода. Патувања, запознавање со разни култури, луѓе и обичаи – сето тоа се патокази кои треба да ги следите на вашиот животен пат. Судено ви е да бидете активни – макар и во фантазијата.

Јарец

Како контратежа на сегашниот вроден песимизам и резервираност, некогаш сте биле преголем утопист и идеалист. Во оваа инкарнација морате да сфатите дека не е се сериозно и црно, туку дека треба секогаш да пронајдете малку време за смеа и хумор.

Сте воделе мирен живот, без проблеми и скандали, како конзул, службеник, музичар или вработен во верски установи. Сепак, искуствата од минатото ве ставиле во конфликт со авторитетите, и затоа сега стравувате дека некој би можел да ве контролира или да ја искористи вашата слабост, како на емоционален, така и на професионален план. Морате да научите како да бидете сами свој авторитет и да преземете одговорност за вашите и туѓи емоции. Овој живот ви носи спознание дека одговорноста и дисциплината не се синоними за дистанцираност и студеност.

Водолија

Доколку сте Водолија во знак или подзнак, во минатото сте биле многу љубоморни и посесивни на емотивен план. Предизвикот со кој ќе морате да се соочите е да научите да ја диференцирате љубомората од посесивноста и желбата да управувате со оној кој го сакате.

Морате да си пружите слобода себеси, но и на останатите. Ваша мисија е да развивате пријателски односи до сите, и да поработите на изградба на хуманоста, великодушноста и толеранцијата во вашето срце.

Како некогаш, така и сега, имате силна потреба да бидете свои, уникатни и неповторливи. И додека во минатото ова се манифестирало како врвен социјален статус, денес имате тенденција да се издвојувате според однесувањето, говорот или гардеробата. Вашите можни професии биле банкар, актер, фармер или механичар.

Риби

Во минатиот живот не сте ги вреднувале емоциите, ниту пак сте имале доволно време да им се препуштите. Сегашниот живот ви нуди можност преку овој интуитивен знак или подзнак да “одите со дното” и да научите да им се препуштите на чувствата.

Пророк, пронаоѓач, пилот или уметник биле вашите занимања во минатото, а склоност кон уметноста имате и ден денес.

Ваша најголема маана од минатото е неможноста да се сфатат важните нешта, како и постојаниот критицизам кон другите. Во овој живот ги имате истите тенденции.

Тука сте со цел да научите дека сите ние сме Едно. Со помош на тоа спознание ќе успеете да го завршите циклусот на емотивно созревање, кој сте го започнале пред неколку животи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi