И да немам пари, би била иста! Дали си сигурна?

popara19 февруари, 201417min00
20

Ќерката на сопственикот на Формула 1 Берни Еклестон, Тамара, позната по екстравагантните журки и тридневната свадба, изјавила дека недостатокот на пари не би влијаел на нејзината личност.

Во новиот број на списанието Ел, 29 годишната Тамара која го очекува своето прво дете со сопругот Џеј Рутлендом, објаснува дека за неа е најважно да остане приземна.

Дури и да ги изгубам сите пари, секогаш би била истиот човек, со истите вредности – вели таа.

Секако би возела поефтина кола, но тоа не е она што ме дефинира, рекла.

Иначе Тамара во моментов живее во замок со 55 соби и цел тим послуга. За разлика од нејзината помлада сестра Петра, Тамара е позната како жена што се расфрла со пари за луксуз и гламур, чие однесување во Британија се оценува како вулгарно.

Нејзината сестра никогаш не сакала да биде во медиумите, а во моментов живее во Лос Анџелес со сопругот Џејмс Стант во вила вредна 85 милиони.

За разлика од мојата родна Британија во Америка се слават парите – вели таа и додава дека не и сметаат критиките за тоа што ги троши парите на нејзиниот татко. Јас разбирам дека родителите не треба да ги разгалуваат децата, но не гледам ништо лошо во тоа што тато ми купи куќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *