Овој шејк е одличен за консумирање како прв оброк во денот, бидејќи лесно го вари организмот, подготувањето трае само една минута, па затоа е извонреден ако сте во утринска гужва.
Овој шејк носи здрав, зелен вкус на летото со додавање на шумски плодови, спанаќ и авокадо. Спанаќот е полн со витамин К и А и железо, а со анти-воспалителното авокадо добиваме изоблство на здрави масти и калиум! Со сето тоа авокадото му дава кремаста текстура и густина. Како дополнителен бонус сидржи и лен, богат со омега – 3 масти и влакна!
Потребни состојки:
Оваа количина е доволна за 2 мали или 1 голем пијалак.
-половина зрело авокадо
-1 мала, замрзната банана
-1 чаша свежи или замрзнати боровинки и јагоди (или шумско овошје)
-2 шаки свеж спанаќ
-1 чашка незасладено бадемово млеко
-1 кафена лажица лен (опционално)
Инструкции за подготовка:
Сите состојки се додаваат во блендер и се меша додека смесата не се соедини. Истурете го вашата омилена чаша и уживајте! Доколку е потребно, можете да додадете малку вода.