Илма Карахмет бесна: Икс Фактор е наместен!

popara6 март, 20141min00
7

Очекуваше победа, а не влезе во суперфинале!

14 годишната Илма не може да се помири со фактот дека жирито ја испрати дома. Таа веднаш после емисијата со родителите го напушти Белград и се врати во Кисељак, иако ден потоа требало да гостува во утринската програма на Пинк според договорот.

Илма плачела и направила сцена. Викала дека неправедно е исфрлена и дека шоуто е наместено. Иако делуваше дека стоички го поднесе поразот, нејзе ја погоди тоа што жирито наместо да го коментира нејзиниот талент, ги коментираа нејзините години – вели изворот и додава:

Кога од продукцијата и се јавиле и и рекле дека утредента треба да се појави во утринската програма на Пинк, Илма одговорила: Не морам јас никаде да одам, ионака не сум испочитувана до крај. Потоа се огласила и нејзината мајка која се заканила дека пред медиумите ќе обелодени како продукцијата била некоректна кон нејзината ќерка и дека не сака истите да ги вади од гомна.

Мајката на Илма вели дека девојчето е крајно разочарано:

На нас ни е јасно зошто Илма беше исфрлена. Таа има 14 години, а толку имаше и кога се пријави за Икс Фактор. Ако на луѓето толку им сметаат нејзините години, не требаше ни да ја примат уште на почетокот, а не сега годините да бидат пресудни. Илма сето тоа го поднесе храбро, бидејќи знае колку вреди, а за останатите ќе видиме кој колку заслужува.