Илма: Не е вистина дека го одбив Кики за настапот!

popara12 март, 20141min00
ilma

Откако сите медиуми пишуваа дека 13 – годишната учесничка на Икс фактор Илма Карахмет му свртела грб на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ и не присуствуваше на неговиот концерт во Тузла таа се огласи на социјалните мрежи бранејќи се дека не го „откачила” Кики туку била спречена да присуствува на концертот.

– Не е вистина дека го „одбив” Кики, едноставно не бев во можност да присуствувам на настапот. Чудни медиуми, напишала Илма која деновиве со своите коментари кон Емина крена голема прашина.

За потсетување, Кики истакна дека не планира да соработува со Илма по ова што го направила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *