
Како дошла Шона до пораките на нејзината ќерка? Таа и нејзиниот сопруг вградиле апликација за да стигнуваат пораките од мобилниот на Ени и кај нив. Иако пред тој потег Шона била во дилема дали да го стори тоа и дали на тој начин ја загрозува приватноста на нејзината ќерка, вистината која и се покажала пред очи ја уверила дека постапила исправно.
Едно момче и’ напишало на Ени -“Засрами се што не доаѓаш во сабота на забава, носам со мене кондоми“.
После ова откритие следат пораки со пцуења и се дознава дека 13 годишната Ени меѓудругото и пуши.
Дали си пушач? – ја запрашал пријателот Ени. Таа му одговорила дека е нормален пушач, но не пушач на други работи.
Останатите пораки биле со јасни знаци за повици на секс.
“Дали ти се допаѓам? Така би те … ” – гласела една од нив.
Шона сфатила дека како родители имаат две можности, или да ги затворат очите пред реалноста или да се соочат со истата.
Колку да е страшно она што го дознала, Шона сепак ја открила вистината.
Кога Ени дознала дека нејзините родители знаат како таа се допишува со своите пријатели бурно реагирала жалејќи се дека е загрозена нејзината приватност. Родителите не попуштиле и и’ поставиле услов за користење на мобилниот телефон по кој мора да се придржува.