Има 19 години и заработува милиони!

popara27 ноември, 20141min00
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Бетани Мота е 19-годишна девојка која се прослави преку YouTube, заради што многумина и’ завидуваат. Бетани заработува милиони на нејзиниот канал кој го следат милиони луѓе гледајќи снимки кои ги прави оваа млада дама. Можеби ви звучи како лесен начин за заработка, но Бетани не успеала преку ноќ, туку многу вредно работела на тоа.

Покрај тоа што прави снимки со совети за убавина и стил, таа е модна дизајнерка, гостува како судија во емисијата Project Runaway и учествува во емисијата Танц со ѕвездите.

Ова се нејзините совети во врска со тоа што ви е потребно за успех на интернет.

1. БИДЕТЕ СВОИ

Луѓето ги привлекува автентичноста.

2. БИДЕТЕ ДОСЛЕДНИ И ПОСТАВУВАЈТЕ СНИМКИ ШТО ПОЧЕСТО

Бетани во едно интерјву рекла дека при правење и поставување снимка на YouTube најважно е да го сакате она што го правите и да бидете искрени кога зборувате за нешто бидејќи луѓето забележуваат дали сте внесени со сето срце, а тоа е важно за да ги задржите.

3. МОРА ДА ИМАТЕ СТРАСТ

Доколку тоа го правите само за да постигнете успех, нема да успеете. Но, и покрај новиот проект на кој работи, Бетани и понатаму едитира, планира и создава нови снимки – баш како што отсекогаш правела. Таа открила дека понекогаш и’ се потребни 2-3 дена за да среди едно видео пред да го објави. Прво набавува сè за што сака да зборува и средува сè што треба да се среди, а потоа снима.

4. ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ СО ВАШАТА ПУБЛИКА

– Дури и ако имате само 5 следбеници, мора да се фокусирате на вашата публика и да направите нешто квалитетно за нив. Најважно е добро да се забавувате, вели Бетани.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma