Имал 137 килограми и сите му се потсмевале, но ослабел и станал манекен!

10 јануари, 20140
35

Момчето кое како тинејџер било злоставувано дури и од непознати луѓе на улица поради прекумерната тежина изгубил 58 килограми и станал модел. Сега сака да ги мотивира и останатите со сличен проблем.

Макс Еден во 2012 година имал 137 килограми и речиси секојдневно му се случувало некој да се пошегува на негова сметка поради дебелината. Но Макс одлучил дека не сака да остане дебел засекогаш па направил драматична пресвртница во својот живот и за само 18 месеци изгубил речиси половина од својата тежина.

Сега има помалку од 79 килограми и се појавува на модните ревии во Манчестер.

Вели дека го инспирирале три работи:

На телевизија видов човек кој рече дека никогаш нема да успее да биде слаб и дека ќе остане засекогаш дебел. Тоа ме депримираше, не сакав да бидам и јас дебел засекогаш. Посакав да го докажам тоа.

Втората работа е еден музички концерт. Станав да танцувам, а луѓето почнаа да се жалат дека моето дебело тело им го покрива видикот.

И третата…Кога излегов на пијачка со мајка ми, луѓето мислеа дека сме пар, дека сум 40 годишен маж, иако јас бев само тинејџер.

Премногу се срамел од својот изглед за да оди во теретана, па чекал да падне ноќ за да оди да трча.

Не се откажал од ноќното трчање, а кога изгубил 18 килограми се наградил со членство во теретана и од тогаш не престанал да вежба. И така ова дебело момче денес изгледа секси и работи како манекен. Секоја чест! Ако можел тој, секој може!

Пред:

2max

И потоа:

2max1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *