- Приход на групацијата „PC Client Group“ од 7,9 милијарди, намалување од 1 отсто од година во година
- Приход на групацијата „Data Center Group“ од 3.1 милијарди, зголемување за 11 отсто од година во година
- Оперативен приход од 3,5 милијарди, намалување за 5 отсто од година во година
- Заработувачка по акција од 38 центи, намалување за 5 отсто од година во година
Санта Клара, Калифорнија, 15 април 2014 година – Корпорацијата Интел денес објави приход во првиот квартал од 12,8 милијарди долари, тековен приход од 2,5 милијарди долари, нето приход од 1,9 милијарди долари и заработувачка по акција од 38 центи. Компанијата заработила приближно 3,5 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 545 милиони долари за повторно да купи 22 милиони акции на берзата.
„Во првиот квартал видовме солиден раст кај центрите за податоци, знаци на подобрување во сегментот на персонални компјутери и испорачавме 5 милиони процесори за таблети, доближувајќи се поблиску до нашата цел од 40 милони таблети за 2014,“ изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. „Дополнително, ја демонстриравме нашата понатамошна решеност за раст на компанијата со стратешка технологија и бизнис соработка со Клаудера, ја претставивме нашата втора генерација LTE платформа со CAT6 и други напредни опции и ги испорачавме нашите први Quark продукти за Internet of Things.”
Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единициза првиот квартал
- PC Client Group оствари приход од 7.9 милијарди долари, намалување за 8% секвенцијално и намалување за 1 отсто од година во година.
- Data Center Group оствари приход од 3,1 милијарди долари, намалување за 5% секвенцијално и зголемување за 11 отсто од година во година.
- Internet of Things Group оствари приход од 482 милиони долари, намалување за 8 отсто секвенцијално и зголемување за 11 отсто од година во година.
- Mobile and Communications Group оствари приход од 156 милиони долари, намалување за 52 отсто секвенцијално и намалување за 62 отсто од година во година.
- Software and services operating segments оствари приход од 533 милиони долари, намалување за 6 отсто секвенцијално и зголемување за 6 отсто од година во година.
Финансиска споредба |
|||
По квартали |
|||
Q1 2014 |
Q4 2013 |
vs. Q4 2013 |
|
Приход |
12,8 милијарди долари |
13,8 милијарди долари |
намалено 8% |
Бруто маржа |
59.7% |
62.0% |
намалено 2,3 поени |
R&D заедно со MG&A |
4,9 милијарди долари |
4,8 милијарди долари |
зголемено 1% |
Тековна добивка |
2,5 милијарди долари |
3,5 милијарди долари |
намалено 29% |
Даночна стапка |
27,7% |
26,1% |
зголемено 1,6% |
Нето добивка |
1,9 милијарди долари |
2,6 милијарди долари |
намалено 26% |
Заработувачка по акција |
38 центи |
51 центи |
намалено 25% |
Деловна перспектива
Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции по 15 април.
Втор квартал 2014
- Приход: 13,0 милијарди долари, плус или минус 500 милиони долари.
- Процент на бруто маржа: 63%, плус или минус неколку процентни поени
- Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања (MG&A): приближно 4,8 милијарди долари.
- Реструктурирање и промени кај акциите: приближно 100 милиони долари.
- Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 75 милиони долари.
- Влијание на капитални инвестиции, камати и останато: приближно 75 милиони долари.
- Депрецијација: приближно 1,9 милијарди долари.
Годишно 2014
- Приход: приближно еднаков, непроменет од очекуваното.
- Процент на бруто маржа: 61%, плус или минус неколку процентни поени, 1 процентен поен повеќе од очекуваното.
- Потрошувачка за истражување и развој (R&D) заедно со здружувања и стекнувања (MG&A): приближно 18,9 милијарди долари, плус или минус 200 милиони долари, зголемување од очекуваното за 18,6 милијарди долари.
- Aмортизација на нематеријалните средства поврзани со стекнување: приближно 300 милиони долари, непроменета од очекуваното.
- Депрецијација: приближно 7,4 милијарди долари, непроменета од очекуваното.
- Даночна стапка: приближно 27 отсто за сите преостанати квартали во годината.
- Капитална потрошувачка за целата година: 11,0 милијарди долари, плус минус 500 милиони долари, непроменета од очекуваното.
За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на Главниот финансиски директор на веб-страницата: www.intc.com/results.cfm.
Статус на деловната перспектива
Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 13-ти јуни освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 22-ри април. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 13-ти јуни до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 15-ти јули 2014 година. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.
Фактори на ризик
Горенаведените искази и сите други во овој документ кои се однесуваат на плановите и очекувањата за четвртиот квартал, за годината и во иднина се далекусежни изјави кои вклучуваат голем број на ризици и неизвесности. Зборови како што се “предвидува“, “очекува“, “има намера“, “планира“, “верува“, “има за цел“, “проценува“, “може“, “ќе“, “треба“ и нивните варијации се вбројуваат во далекусежни изјави. Извештаи кои се однесуваат или се базираат на проекции, неизвесни настани или претпоставки, исто така се идентификуваат како далекусежни извештаи. Многу фактори можат да влијаат на реалните резултати на Интел, и разлики од сегашните очекувања на Интел во врска со таквите фактори, можат да предизвикаат реалните резултати материјално да се разликуваат од оние изразени во овие делекусежни изјави. Според Интел следните фактори се важни и би можеле да предизвикаат резултатите материјално да се разликуваат од очекувањата на компанијата.
- Побарувачката може да биде различна од очекувањата на Интел поради фактори кои вклучуваат промени во деловните и економски услови, вклучувајки ограничувања во снабдувањето и други пореметувања кои влијаат врз потрошувачите; прифаќањето од страна на потрошувачите на производите на Интел и на конкуренцијата; промени во порачките кои вклучуваат откажувања; како и промени во залихите на потрошувачите. Несигурностите во глобалните економски и финансиски состојби претставуваат ризик при кој може да се случи потрошувачите да го одложат купувањето како одговор на негативните финансиски настани, кои би можеле негативно да влијаат врз побарувачката на производи и други поврзани случаи.
- Интел работи во поле на интензивно конкурентни индустрии се карактеризираат со висок процент на трошоци кои се фиксни или тешки за намалување на краток рок и побарувачка на производи која е варијабилна и тешка да се предвиди. Процентите на приход и бруто маржа се погодени од времето на пласирање на производите на Интел како и прифаќањето и побарувачката на пазарот, преземените дејства од страна на конкуренцијата на Интел, вклучувајки понуди и претставување на производи, маркетинг програми и ценовни притисоци и одговорот на Интел на таквите активности, како и способноста на Интел брзо да одговори на технолошкиот развој и да вклучи нови карактеристики во своите производи.
- Процентот на бруто маржата може значително да отскокнува од очекувањата во зависност од искорисутвањето на капацитетите; варијациите во вреднувањето на залихите, вклучувајќи варијации поврзани со времетраењето на квалификацијата на производите за продажба; промените во приходите; мешањето на сегментите на производите; времетраењето и изведбата на производствената линија и трошоците околу истата; почетни трошоци; одвишок или непотребни залихи; промени во цените на единиците; дефекти или прекини во обезбедувањето материјали или ресурси; квалитет во производството; и оштетување на долготрајни средства, вклучувајќи производствени, подвижните и нематеријални средства.
- Очекувањата за даночната стапка се базира на тековниот закон за даноци и тековната очекувана добивка. Врз даночната стапка може да влијае надлежниот орган кој одредува како ќе го оданочи профитот; промените во предвидувањата за кредитите; решавањето на проблеми кои настануваат со ревизијата на данокот од даночната служба кои вклучуваат плаќање на казни и камати; како и способноста на компанијата да ги добие одложените даночни средства.
- Добивките или загубите од капиталните хартии од вредност како и каматите можат да варираат од очекувањата во зависнот од добивките и загубите во продажбата, размената, промените во проценетата вредност или оштетувањето на долгот и капиталните инвестиции; билансот на состојба и промени во проценетата вредност на деривативните инструменти.
- Pезултатите на Интел би можеле да бидат погодени од лошите економски, социјални и физички/инфраструктурни околности во земји каде Интел, неговите клиенти или неговите добавувачи работат, вклучуваќи воен конфликт и други безбедносни ризици, природни катастрофи, нарушување на инфраструктурата, здравствени пречки и варирање на курсот на валутата.
- Трошоците, особено одредени трошоци околу маркетинг и компензации, како и реструктуирање и промени во оштетувањето на средствата, варираат во зависност од побарувачката за производите на Интел и нивото на приходи и добивка. Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од времето затворањето на стекнувањата и намалувањата. Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од несаканите ефекти поврзани со дефекти на производи и исправки (дeвијација од објавени спецификации) и парничење, или регулаторни прашања кои вклучуваат интелектуална сопственост, акционер, потрошувачи, недоверба и други прашања, како што се парничење и регулаторни прашања опишани во (SEC) финансиските извештаи на Интел. Неповолна судска одлука би можела да ги вклучи монетарните штети или забрана за прозиводство или продавање на еден или повеќе производи, спречувајќи одредени деловни практики, да влијае врз можноста на Интел да ги дизајнира сопствените производи, или други решенија како задолжително лиценцирање на интелектуалната сопственост.
Детална дискусија за овие и други фактори на ризик што би можеле да влијаат на резултатите на Интел се вклучени во финансиските извештаи, вклучувајќи ги најновите 10-Q и 10-K формулари.
Интернет пренос
Интел ќе одржи јавен интернет пренос денес, во 14 часот по дневно пацифичко време на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com. Ќе има реприза на преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.
Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од вториот квартал од 2014 година на 15-ти јули 2014. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.
За Интел
Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.
Intel, Intel logo, Atom и Core се заштитени марки на Intel Corporation во С.А.Д и други држави
*Други имиња и брендови можат да бидат во туѓа сопственост.