Интел претстави компјутер со големина на мемориска картичка
9 јануари, 20140
Мини компјутерот на Интел е наречен Едисон и ќе се појави на пазарот во текот на втората поливина на 2014 година, а ќе има вградено Wi-Fi и Bluetooth и ќе може да се смести буквално секаде.
Интел уште еднаш покажа зашто е еден од водечките производители во светот кога се во прашање процесорите. Овој процесор е во рангот на некогашните Pentium PC. Пред некое време Интел направија и процесор за повеќето популарни гаџети под името Quark, а баш тој процесор ќе ги придвижува идните десктоп компјутери. Едисон има двојадрен Quark процесор кој ќе работи на 400 Mhz и користи Линукс оперативен систем.