Две жени се уапсени во Гемантаун под сомневање дека убиле две деца , а две деца повредиле вршејќи егзорцизам.
Монфиса Дениз Сенфорд и мајката на децата Закијева Латрид Ејвери , се обвинети за две убиства и два обиди за убиство. Полицијата соопшти дека тие од децата го истерувале ѓаволот.
До масакрот дојде ноќта помеѓу четврток и петок, а полицијата по повикот од комшиите се појавила на местото на несреќата каде се соочиле со крвава слика.
Норел и Зијана се пронајдени мртви со повеќе убодни рани додека другите две деца со повреди биле пренесени во локалната болница.
Сенфорд била веднаш уапсена. Таа не била во крвно сродство со семејството врз кое е вршен егзорцизмот. Полицијата сеуште го истражува случајот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=TaqYc0far3M