Истражувањата покажаа дека сите мажи лажат!

popara11 мај, 20141min00
9
Иако мислите дека вашиот партнер никогаш не би ве излажал, истражувањата покажуваат дека сите мажи лажат. Еве кои се најчестите лаги:

 Не изгледаш дебело во тоа

Лага која сакаме да ја слушаме, но сепак е лага. Ова прашање не го поставуваме затоа што сакаме да добиеме искрен одговор, а секој паметен маж треба да негира дека видел и малку сало на вас кога го пробувате новиот фустан.

Не ја посетувам таа интернет страница
Порно сајтовите се многу популарни меѓу машката популација, но ретко кој маж ќе ризикува и отворено пред девојката ќе каже дека поминува минимум половина час дневно на некој порно сајт. Овие информации мажите ги кријат поучени од претходни искуства, а ако навистина сакате да дознаете, убедете го дека тоа навистина не ви пречи.

Нормално дека не ми се допаѓа твојата пријателка
Всушност, нормално дека му се допаѓа. Дури и ако не е негов тип, самиот факт дека таа е ваша другарка и за него забрането овошје, ја прави за него многу попривлечна. Да не се плаши, веројатно во одреден момент би ви предложил тројка со неа, но за среќа знае што го чека ако направи такво нешто. Но, ако и вие потајно сте посакувале такво нешто, не двоумете се и кажете му, нема шанси да ве одбие.

Ова прв пат ми се случува
Предвремената ејакулација се случува, исто како и немањето на ерекција. Понекогаш вашиот партнер е премногу расположен, а вие сте многу секси, а понекогаш воопшто не е расположен. Но едно е сигурно, ако му се случи нешто вакво, тој ќе се прави дека му е прв пат. Дури и кога ќе му се случи и втор пат со истата девојка.

Излегувам на едно пиво
Тој знае дека не оди на едно пиво, вие знаете дека нема шанси да биде само едно, но некако на сите им е полесно да глумат дека навистина излегува на едно пиво со другарите. Но кога би ви кажал дека оди да се запие со другарите и да се зеза со нив за другите згодни девојки, веројатно би му се налутиле, нели? Значи, едно пиво, за мир во куќа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag