Избери око и дознај каква душа носиш

11 април, 20140
0

Интересен психо тест кој ќе ви каже навистина многу повеќе за вас, ќе продре под површината на вашата психа и ќе допре до најдлабоката душевност скриена зад многуте маски кои принудно ги носиме. Понекогаш го криеме своето вистинско лице од страв да не бидеме повредени од другите, понекогаш ги криеме лузните кои ги носиме со себе несакајќи никој да ја прочита нашата болка. Во секој случај, факт е дека секој од нас во себе крие дел што никој друг не го познава.

Направете го овој тест и споделете со нас дали ги даде вистинските карактеристики на вашата личност?

Изберете око:

0

Окото кое најмногу ќе ве привлече подолу открива по нешто за вашата личност.

1
1.

Вие сте тип на личност која со цело срце ќе прифати скоро секого во својот живот. Верувате дека подобро е да се ризикува, па макар и да бидете повредени, одошто да се затворите сами во себе.

Не му ги покажувате на светот вашите стравови и извори на несигурност. Верувате дека со проблемите треба да се соочувате сами, без целата јавност да дознае за нив.

Се обидувате да бидете секогаш и секаде за сите, дури и кога ви е тешко однатре. Но, помагајќи им на другите, вие се лекувате.

2

2.

Вие сте тип на личност која секогаш гледа да остави добар впечаток и да постапи правилно. Верувате дека вашите постапки, без разлика дали мали или големи, можат да направат промена во животите на другите.

Не му покажувате на светот колку сте загрижени и вознемирени. Гледате многу несреќа и неправда која ја чувате во себе.

Посветени сте да бидете најдобрата личност што можете. Тоа е најмалку што можете да направите додека сте на оваа планета.

3

3.

Вие сте тип на личност која има бурно минато кое сѐ уште влијае на вас. Не можете да не мислите дека животот е некој вид солена космичка шега.

Се трудите да најдете мир во сѐ што можете.

Не му ги покажувате на светот своите најмрачни мисли. Имате многу за поднесување, но тоа си го чувате за себе.

Понекогаш можете да изгледате многу весело. Многу добро знаете како да се издигнете после падови.

4

4.

Вие сте тип на личност која веројатно претерано размислува за секоја работа. Сакате да допрете до длабокото значење на нештата. Понекогаш толку можете да се изгубите во сопствените мисли, што не можете да разликувате што е реалност, што фантазија.

Не му покажувате на светот колку сте несигурни во сѐ. Можеби сѐ уште се обидувате да ги сфатите работите, но сепак делувате самоуверено.

Го гледате животот како сложувалка, и сакате да си играте за да ги споите сте делчиња во една логичка целина. Можеби никогаш нема да ја сфатите смислата во целост, но го прифаќате тоа.

5

5.

Вие сте тип на личност која сѐ уште се нема сфатено себеси, така што му посакуваме среќа на секој оној што ќе се обиде да ве разбере.

Вие сте мешавина од повеќе спротивности, и вашето расположение се менува од ден на ден. Штом еднаш ќе се пронајдете, ќе се промените во друга личност.

Не му покажувате на светот многу за себе. Вие сте личност која малку кажува и прави збунувачки постапки.

Преферирате да ги набљудувате луѓето и да научите нешто за нив пред да се впуштите во комуникација со нив. Кажувате само работи во кои сте сигурни.

6

6.

Вие сте тип на личност која забележува сѐ и не заборава ништо. Вие сте во хармонија со светот околу вас.

Чувствувате длабоко, па понекогаш и мали глупави работи можат да ве погодат. Човек лесно може да ве доведе и до солзи и до смеа.

Не му покажувате на светот колку сте кревки. Наместо тоа, им покажувате на луѓето колку проникливи можете да бидете.

Често вие сте првата личност што може да предвиди што ќе следува.

7

7.

Вие сте тип на личност која секогаш е енергична и страсна. Со вас нема ништо суптилно.

Настојувате да сакате или мразите сѐ. Имате многу ставови и мислења и многу брзо одлучувате.

Не покажувате колку сте неспокојни. Имате многу енергија, а кога ја имате премногу, тоа може да ве прави нервозни.

Сѐ е ризик за вас. Не можете да не правите драми во вашата глава.

8

8.

Вие сте тип на личност која има необични интереси, верувања и навики. Секогаш сте биле по малку чудак.

Не се грижите премногу за правилата или традицијата. Ги правите работите на ваш начин и оставате работите да се случат така како што ќе се случат.

На светот му покажувате сѐ за вас. Немате ништо да скриете, и едноставно им се потсмевате на овие кои ве осудуваат.

Посакувате сите да се по малку како вас. Задоволство ви е што сте поинакви.

9

9.

Вие сте тип на личност која многу добро ги разбира луѓето и светот. Не покажувате колку знаете.

Знаете многу да ги процените луѓето врз основа на нивните фацијални експресии или тонот на гласот.

Исто така можете да препознаете кога ве лажат. Му го покажувате на светот токму она што сакате да го покажете.

Покрај тоа што сте добри во проценувањето на луѓето, исто така знаете да препознаете кога вас некој ќе ве „прочита“.

Знаете кога сте манипулирани, но и како да изманипулирате со некого. Сепак, ретко го правите ова, освен ако не е навистина неопходно.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi